Делување на бакарот

БакарНосењето на бакарни нараквици од страна на нашите поблиски и подалечни претци не било никакво суеверие.Тие своевремено се заштитувале од артритис и реума, додека денес науката истото го потврдува.

Бакарот, низ историјата имал голема и долга примена како во секојдневниот живот, така и во лекување на многу болести. Аристотел забележал дека ставањето на бакар на удрено место спречува појава на оток.

Во Античка Грција бакарот е применуван за лекување на проблеми со слухот (глувост) и при воспаление на крајници. Во Франција и ден денес бакарот се користи за лекување на пореметувања со слухот. Голем број на лекари своевремено бакарот го користеле за лекување на кожни болести.

Денешната примена на бакарот посебно се истакнува во лекувањето и редукцијата на артритисот, затоа што научниците потврдуваат дека ензимите кои зависат од бакарот играат одлучувачка во формирањето на ткивото. Кај пациенти кои боледуваат од артритис се покажале значајни успеси со примена на бакарот како метод на лекување.

Недостатокот на бакарот во организмот предизвикува слабеење на имунолошкиот систем, анемија, ќелавост, дијареа, општа слабост на организмот, влошување на респираторниот систем, кај децата пореметување во растот и метаболлитички пореметувања. Бакарот како микроелемент или елемент во трагови, неопходен е за одржување на срцевиот мускул, превенира појава на анеуризми и обезбедува раст на силно артериско врвзно ткиво. Самиот срцев мускул зависен е од присуство на бакар, затоа што бакарот спречува поедини облици на кардиомиопатија. Исто така помага при формирање на хемоглобинот и еритроцитите и учествува во метаболизмот на железото