Денешната магнетната терапија

Energetix MacedoniaДенес, голем број на луѓе низ целиот свет се корисници на магнетната терапија и на магнетниот накит. Истражувањата на Земјата покажаа дека јачината на магнетното поле денес е двојно помало и изнесува 0,5 Гауси. 

Под влијание на слабото магнетно поле кај човекот се јавуваат фукнкционални проблеми во централниот нервен систем и намалување на имунолошкиот систем на човекот при што се јавуваат чести главоболки, болки во грбот, болки во коскено-мускулниот систем, зголемена раздразливост, намалување на енергијата, несоница и пореметување на сонот. 

Под влијание на магнетното поле се подобрува циркулацијата на крвта во организмот при што сите клетки се снабдени со кислород и сите други потребни елемнети (витамини, минерали, белковини) потребни за нормално функционирање на клетката и организмот во целост. 

 

Покрај ова, употребата на магнетите има смирувачко дејство кое поттикнува сон и побудува мозочна и телесна активност-ова дејство доаѓа од побудувањето на хормонот мелатонин, хормон со изразено антидепресивно и антиканцерогено дејство. Магнетите делуваат и на врзување на слободните радикали во организмот кои претставуваат високо деструктивни молекули. Магнетното поле делува антибиотски, помага при вирусни, бактериски и габични заболувања преку подобрена и зголемена циркулација на крвта.     Голем број на патогени микроорганизми не можат да опстојуваат во алкална средина како и во средина богата со кислород. Со помош на магнетите се подобрува и оксигенизацијата на клетката во организмот преку балансирање на пХ нивото во крвта, клетката и меѓуклеточниот простор.    Со помош на магнетите ја елиминираме болката, го регулираме крвниот притисок и го подобруваме нашето расположение што е услов за добар живот. Со помош на магнетите и магнетниот накит се формира слабо, но константно магнетно поле со што се воспоставуваат нормални органски процеси. Болките се намалуваатили исчезнуваат потполно без лекови и несакани последици. Како? 

Секој нервен импулс во нашето тело се пренесува со слаба струја, струја која ја произведува самата клетка. Секоја клетка содржи електрополаризирани честички (јони) кои на тоа реагираат и овие процеси се многу важни за снабдување на клетката со кислород и енергија. При повреда или болест може да се случи овие електрични импулси или струи да не течат правилно.

Магнетното поле е во состојба пулсирајќи од надвор да ги корегира аномалиите во внатрешноста на клетката. Процесот на подобрување на состојбата е посебно ефикасен при скршеници на коските и нивно побрзо и подобро зараснување на коските при што подобро се уредуваат и структурните клетки во коската. Магнетната терапија помага и при лекување на реума, односно лицата кои патат од силни воспаленија на зглобовите, после третманот со магнетно поле може да се докаже зголемено ниво на кортизон кој го спречува воспалителниот процес.

Во основа магнетната терапија помага таму каде што имаме проблеми со метаболизмот и проблеми со циркулацијата, затоа што магнетот влијае на подобрена и зголемена циркулација и оксигенација на крвта. Магнетното поле ја зафаќа секоја клетка при што се подобрува нејзината функција и метаболизмот. Крајниот резултат е подобрена функција на клетката и подобрена циркулација како и подобрена биолошка активност како на клетките такла и на ткивото и органите. Магнетен накит

Под влијание на магнетната вода, калциумот станува јонизиран  и формира поинакви, ламинарни краистали, за разлика од нејонизираниот кој формира ѕвездести кристали. Нејонизираниот калциум лесно се таложи во организмот, посебно во бубрезите и на ѕидовите на крвните садови создавајќи големи проблеми во организмот. Јонизираниот калциум лесно се плакни од бубрезите и од крвните садови, а исто така лесно се вградува во коските што користи превентивно кај остеопорозата. Клетките кои ги создаваат коските, остеобласти, под влијание на магнетното поле позабрзано работаат, коската побргу се полни и зараснува. Затоа најдобро е да се комбинира магнетен накит со истовремено конзумирање на магнетна вода за внатрешно чистење на организмот и реконструкција на коските.