Историја на магнетната терапија

 Магнетна терапијаМагнетизмот постои уште од времето на настанување на земјата, односно тој е толку стар колку што постои и планетата Земја. Магнетната руда која се појавува во природата настанува од лавата која доаѓа од внатрешноста на земјата и од азотот од атмосферата.Оладената лава во себе го чува природниот магнетизам од земјата и со него успешно се лекувале предхристијанските култури (египетската, кинеската, еврејската).

Старите народи ги познавале благотворните дејства на магнетите кој ги користеле со цел да го продолжат животниот век, да ја зачуваат младоста и виталноста. 

Египетската кралица Клеопатра носела магнетен накит со цел да ја зачува својата младост и убавина, но и египетските списи зборуваат за користење на магнетите при спречување на крварењето. Во Кинескиот ,,Земјоделски прирачник за корисноста на растенијата” кој потекнува од династијата Хан (200 г.п.н.е) постојат записи како магнетите можат да користат за намалување на отоците околу зглобовите. Исто така во т.н. ,,Кинески прирачник по интерна медицина” опишана е употребата на магнетните камења во терапевтски и во превентивни цели.

Накит

Римскиот историчар Плиниј (23-89) забележал дека магнетите во негово време се употребувале за лекување на очни болести. Персискиот физичар Авицена (980-1037) ги користел магнетите за лекување на депресијата. Исто така се смета дека англиската кралица Елизабета (1533-1603) ги користела магнетите да ја подобри својата здравствена состојба по препорака на својот дворски лекар Вилијам Џилберт.

Швајцарскиот алхемичар и физичар Парацелзус, сметал дека магнетот е крал на сите тајни и со помош на магнетите лекувал разни воспаленија, отоци, како и внатрешни и надворешни заболувања. Австрискиот лекар, Франц Антон Месмер (1734-1815), успешно лекувал голем број на заболувања во Виена, а подоцна и во Париз. Тој сметал дека невидлив флуид во човечкото тело се однесува според законите на магнетизмот и дека болеста доаѓа кога течноста не може нормално да циркулира. Ова тврдење научно е докажано од добитникот на Нобеловата награда по хемија (1964), Лајнус Полинг, со тврдењето дека хемоглобинот во крвта поседува магнетни особини.