Магнети против болки

Дали знаете какво време не очекува утре, ќе има ли електромагнетна бура од вселената и со кој интензитет? Ваквиот тип на биовременска прогноза станува секојдневие. Затоа подгответе се за умерена до јака главоболка, преголема напнатост во мускулите, вртоглавица, варијации на крвниот притисок, зголемена раздразливост - се очекува магнетна бура! Дали имате болки во коленото - ви отекува, тешко го движите, одвај се качувате по скали? 

Се прашувате сега: каква врска има "водата" во коленото со временската прогноза? Нема никаква врска освен што болките во коленото се поинтензивни при влажно и студено време. Се "отрувте" од таблети, а значајно подобрување нема. Се прашувате: може ли некој да ви помогне, да ви ги олесни тегобите? Покрај препораките од вашиот лекар, применете и магнетотерапија. Таа е докажана и древна исцелителна метода со неограничени можности, без несакани ефекти. Дејствува и превентивно, односно спречува да се развијат многу заболувања, што во официјалната медицина се смета за најголем дострел во заштитата на здравјето. 

Магнетотерапијата може да дејствува системски на целиот организам, но може да дејствува и локално, на одделни делови на телото. Системското дејствување на магнетотерапијата се постигнува преку хармонизирање и балансирање на електромагнетното поле и хормоналната оска во организмот, преку намалување на стресот и зголемување на енергијата во организмот. Локално, магнетите поттикнуваат биоструења и ја подобруваат микроциркулацијата, која ги елиминира факторите на болката и воспалението. 

Затоа, за да се заштитите од магнетни бури и болки во коленото, а истовремено имате проблеми со крвните садови и со дишните патишта, страдате од висок крвен притисок, за што најчесто се виновни некои неврози, магнетите со своето благопријатно дејство ќе ви помогнат. Ако на сево ова уште ги додадеме општиот замор и несоницата, ревматските тегоби, лумбагото, ишијасот, спортските повреди, проблемите со варењето и кожните заболувања, тогаш треба да се обидете со магнетотерапија за да се извлечете од овој круг на "ужасот". 

За системско дејствување на целиот организам постои голема палета магнетни апликатори - магнетна белезица, магнетни влошки за обувки, магнетни обетки, специјалната инка за магнетизирана вода. За локално дејство на некои делови од телото на располагање се магнетни појаси и апликатори за врат, ?рбет, лакот, колено, глужд, натколеница и потколеница. Производителите на магнетотераписки помагала не заборавиле на најголемиот предизвик на животот - убавината. Можете да го подмладите своето лице со магнетна маска, а со магнетна четка да ја разубавите косата, да се ослободите од првут и да го сопрете опаѓањето на косата.

Забелешка: статијата е превземена од Дневник