Mагнетизирана вода

Магнетизирана водаСекоја изворска вода е жива вода, таа е природно магнетизирана и затоа изворската вода е поубава, повкусна за пиење. Но после неколку денови седење на водата во шише таа го губи тоа својство и станува иста онаква како водата од чешма. Со промешување на водата со помош на Магнетното стапче таа повторно се магнетизира и станува енергетски жива вода. Таквата вода полесно доаѓа до клетките на организмот и го доведува крвотокот до нормална состојба што е основа за природно заздравување на организмот. Крвта која протекува низ крвотокот оди хаотично, удира лево и десно по ѕидовите на крвожилниот систем, додека магнетизираната крв оди побрзо и поправилно. Само изворската и магнетизираната вода е жива вода додека останатите води се енергетски мртви води.

Под влијание на магнетната вода, калциумот станува јонизиран и

формира поинакви, ламинарни кристали, за разлика од нејонизираниот кој формира ѕвездести кристали. Нејонизираниот калциум лесно се таложи во организмот, посебно во бубрезите и на ѕидовите на крвните садови создавајќи големи проблеми во организмот. Јонизираниот калциум лесно се плакни од бубрезите и од крвните садови, а исто така лесно се вградува во коските што користи превентивно кај остеопорозата. Клетките кои ги создаваат коските, остеобласти, под влијание на магнетното поле позабрзано работаат, коската побргу се полни и зараснува. Затоа најдобро е да се комбинира магнетен накит со истовремено конзумирање на магнетна вода за внатрешно чистење на организмот и реконструкција на коските.

Исто така многу важно е дека магнетизираната вода е алкална вода. Алкалноста, односно пХ вредноста е показател на степенот на алкалност или киселост на некој раствор (каква што е и водата). Со оглед на тоа дека човечкиот организам се состои од поголемо количество на течност (раствор, односно вода), степенот на киселост е исто така важен, како што е важна температурата на телото или висината на крвниот притисок. Со подобра циркулација на крвта низ организмот (а тоа се постигнува со помош на магнетите), клетките подобро се снабдуваат со кислород, во телесните раствори се намалува киселоста и се зголемува алкалноста. 

Во кисела средина многу лесно се размножуваат вируси, бактерии и паразити. Во алкална средина сите наши органи и клетките функционираат многу подобро. Магнетното поле (посебно северниот пол) со своето делување ја подобрува циркулацијата на крвта, врзувањето на кислородот за крвта, се зголемува алкалноста, а со тоа сите процеси во организмот брзо се нормализираат и затоа со право се нарекуваат ,,антибиотици на XXI век’.


Како магнетната вода делува на нашиот организам ?

  • се подобрува пропустливоста на биолошките мембрани на ќелиите во ткивата
  • се намалува количината на холестеролот  во црниот дроб и крвта
  • го регулира притисок во артериите
  • го подобрува метаболизмот
  • помага при исфрлање на песок и камен во бубрезите (особено kaлциумски и фосфатни)
  • помага кај егземи и други кожни болести

Делување на магнетната вода на калциумот

 Нејонизиран калциум  Јонизиран калциум
 Нејонизиран калциум  Јонизиран калциум

Под влијание на магнетната вода, калциумот прави ламинарни кристали,за разлика од ненамагнетизираниот, кој прави sвездасти кристали.