ЦЦ Природна крема

Маслото од смиљ (Helichrysum italicum ang. Imortelle – безсмртно) доби репутација дека има моќ да ги избрише временските траги на лицето. Има моќно влијание против брчките и ја ревитализира уморената кожа. Длабински ја обновува зрелата кожа, која е изложена на негативното влијаније на слободните радикали во ќелијата, како и негативните надворешни влијанија. Представува едно од најдобрите средства за одстранување на хематомите на кожата (модринки).

Повеќе: ЦЦ Природна крема

Специјална нега на лице

Подлинијата која е дел од козметичката линија Сановита, ја сочинуваат производи наменети за посебни потреби на кожата. Кожата старее многу побрзо од останатите органи во нашиот организам бидејќи е постојано изложена на променливи надворешни услови. Кожата на лицето, како и кожата на рацете старее најинтензивно бидејќи се дирекно изложени на таквите влијанија. Посебен проблем представуваат внатрешните заболувања и пореметувања кои видно се одразуваат на кожата на лицето.

За да ви помогнеме да ги ублажите тие проблеми ја создадовме оваа линија за специјална нега на лице. Таа ќе ви помогне да ги испеглате брчките, да ја смирите мрсната кожа, да му овозможите на вашето лице да се бори против стареењето и штетните влијанија, надворешни и внатрешни. Ви овозможуваме да имате мека, нежна и здрава кожа, спремна за борба против времето.

Крема за нечиста и проблематична кожа

Прополисот е познат природен антибиотик кој има и антивирусно и антисептичко дејство, потребно за превенција и елиминација на акните. Прополисот ги чисти брчките, ја балансира кожата, и забрзано ги смирува воспалителните процеси.

Ружмаринот (Rusmarinus officianalis) содржи етерични масла кој се користат во кремите кој се првенствено наменети за мрсна кожа, бидејќи ја регулира работата на лојните жлезди. Се користи во третманот на акни. Интензивира циркулацијата во кожата, ги елиминира токсините и таложењето на вода во ткивото.

Повеќе: Крема за нечиста и проблематична кожа

Страница 1 од 3